Скопје
Јакимовски: Општина Карпош врши засилена заштита од жолтица
Општина Карпош врши засилена заштита од жолтица и е подготвена за безбеден почеток на учебната година. Во десетте основни училишта и градинки на територија на општина Карпош се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како превенција од епидемијата на жолтица, изјави во понеделник градоначалникот Стевчо Јакимовски.
„Ги задолжуваме сите родители кои што за прв пат носат деца во нашите градинки задолжително да донесат потврда за направен брис од грло и од нос, како и лекарска потврда дека не се разболени од оваа заразна болест. Во исто време сите оние кои што се повеќе од една недела отсутни од било која друга причина (одмор и сл.) исто така ќе треба да донесат иста потврда. Онаму каде што имаме ризични делови од Општината, се договоривме, ние како локална власт ќе организираме со лекарска екипа да се земе брис од тие деца, за да се направи контрола да евентуално некој не е заразен со жолтица“, изјави Јакимовски.
Според информациите на Заводот за здравствена заштита, досега се заразени околу 10-тина жители на општина Карпош, но мора да се заштитат и останатите граѓани за бројот да не продолжи да расте, додаде првиот татко на Општината.
По почетокот на учебната година, доколку се пријави отсуство од една недела на одреден ученик, без разлика дали се работи за боледување или годишен одмор, општина Карпош ќе воведе задолжителна мерка за носење на лекарска потврда за земен брис од грло и нос.
Градоначалникот Јакимовски нагласи дека повисоки заштитни мерки ќе се преземат во училиштата кои бројат ученици од 800 до 1000, каде превенцијата од епидемијата на жолтица треба да преовладува подолгорочно и позасилено. Тој додаде дека е задолжителна контролата на миење раце, а општината ќе одобри покрај постојните и дополнителни средства од буџетот за обезбедување на хигиенски средства.
Инаку по повод воведување засилени превентивни мерки за заштита од епидемијата на жолтица првиот човек на Општината денес одржа подолг состанок со директорките на сите десет основни училишта во Општината и на четири градинки. На надлежните во овие установи веќе им е дадена наредба за генерално чистење на училиштата и градинките.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

