Скопје
Кафулето „Децата од нашата улица“ ќе плати казна од 5.000 евра
Заради поставување маси и столици по целиот тротоар на улицата „Лаенинова“ и поради гласно пуштање музика по законски дозволениот рок, скопското кафуле „Децата од нашата улица“ ќе плати глоба од повеќе од 5.000 евра.
Заради поставување маси и столици по целиот тротоар на улицата „Лаенинова“ и поради гласно пуштање музика по законски дозволениот рок, скопското кафуле „Децата од нашата улица“ ќе плати глоба од повеќе од 5.000 евра.
Имено, како што соопшти Општина Центар, станарите на улица „Ленинова“ бр.29 се пожалиле дека, во кафе барот „Децата од нашата улица“ се одржува ноќна забава со гласна музика, а масите и столиците се поставени по целиот тротоар.Инспекција од општината излегла веднаш на терен и констатирала дека не се почитуваат законските прописи и договореното на средбата на градоначалникот со сопствениците на кафулињата од улица „Ленинова“. На средбата се согласиле на тротоарите да се остави слободен простор од 2 до 2,5 метри, за да се овозможи непречено движење на пешаците. Сопственикот на кафе барот е повикан на разговор во инспекција, но не се одзвал на поканата. Надлежниот инспектор одмери казна која, според Законот за јавна чистота, се движи до 4.000 евра за правното лице, а за одговорното лице – 30% од одмерената казна за правното лице.Инспекциските служби од општина Центар ќе продолжат со редовните контроли, за да видат дали и понатаму има отстапување со поставувањето на опремата.Општина Центар ги повикува граѓаните, доколку забележат прекршување на законот, без разлика дали се работи за бучава или за опрема, да пријават кај надлежните органи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

