Скопје
Калиопи го „обои“ Карпошовото културно лето
Со прекрасните звуци на „Црно и бело“, „Локомотива“, легендарната „Бато“ и „ Обои ме…со сеќавања“, мегапопуларната македонска и балканска ѕвезда Калиопи, во сабота вечер го „обои“ Карпош на самиот почеток на годинашното, осмо по ред Културно лето Карпош 2015.
Со бројна публика, главно жители на Општина Карпош но и многубројни „гости“ од другите скопски општини, плоштадот „Делфина“ во Влае беше полн од љубителите на добра музика и на фантастичната изведба на еден од водечките македонски музички брендови.
Големата културна манифестација која традиционално ја организира локалната самоуправа, ја прогласи за отворена првиот човек во Општината Стевчо Јакимовски кој ги најави претстојните двонеделни уметнички настани, со музика за сечиј вкус, со многу ликовна, театарска и филмска уметност.
„Калиопи е наша карпошанка и мене ми е лично задоволство што во многу соседни држави не препознаваат токму по неа. Наша чест е да ја удостоиме токму таа да ја отвори оваа голема културна манифестација на Карпош“, рече Јакимовски, кој нагласи дека Карпош има мноштво уметници кои имаат многу што да понудат од своето творештво и надвор од земјата.
Во прекрасната летна вечер, незаменливата Калиопи во пауза меѓу две песни ја разнежи публиката со своите романтични сеќавања за големата љубов што се родила меѓу неа и нејзиниот Ромео токму тука, во Карпош, на клупите, што е „животна приказна“ и на многумина други млади./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

