Скопје
Карпош доби кредит од 800 илјади евра од Светска банка
Општина Карпош доби кредит од 800.000 евра од Светска Банка кој што ќе биде наменет за изградба на атмосферска мрежа и реконструкција на коловози и тротоари на неколку улици.
Договорот за финансиска поддршка во вторникот, 9ти декември, го потпишаа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски.
Од Општината информираат дека средствата во износ од 48.424.933 денари се добиени на 13 години отплата со три години грејс период.
Според изјавата на Јакимовски, средствата ќе се наменат за изградба на атмосферска мрежа на улиците „Анкарска“, „Багдадска“, „Алжирска“, „Борка Талевски“, „Влае“, „Франц Прешерн“ и „Корушка“ и реконструкција на коловози и тротоари на улиците „Прашка“ и „Струшка“.
„Со тоа на жителите на Влае нема веќе да им се случува мешање на атмосферската со фекална канализација и ќе добијат најсовремена подземна инфраструктура. Инаку, Општина Карпош и досега во континуитет работеше во изградбата на фекална и атосферска канализација како и во реконструкција на коловозите на своја територија, што резултираше со тоа дека и во најдождливите денови, во ниту еден дел, немаше поплавени улици и затнати канализации“, рече градоначалникот Јакимовски.
Министерот за финансии, ,Ставревски истакна дека кредитот за кој гарант е Владата на Република Македонија е со 0,6 проценти камата и засега искористеноста од проектот за поддршка на општините, што е во соработка со Светската банка, е на високо ниво. Од вкупно 56 милиони евра, 34 општини веќе искористиле 26 милиони евра.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

