Скопје
Казнети 906 учесници во сообраќајот во Скопје
Вкупно 906 учесници во сообраќајот се казнети во текот на изминатата недела во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Притоа кај 28 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 76 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 50 возачи, кај 26 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Покрај ова, кај 77 возачи констатирано е дека управувале возила над дозволената брзина, 55 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, а изречени се и 50 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 41 прекршок за зборување на мобилен телефон, потоа 25 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 308 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.
За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци, за непрописно престројување изречени се 19 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 10 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се осум прекршоци.
Изминатава недела со пајак возило подигнати се вкупно 318 возила.крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

