Скопје
Казни од 100 и 50 евра за неисчистени тротоари пред куќи и продавници по снежните врнежи
Казни од 100 и од 50 евра се предвидени за граѓаните кои нема да го исчистат снегот на тротоарите и влезовите пред трговските објекти и куќите.
Законот за јавна чистота предвидува дека граѓаните треба да ги расчистат тротоарите пред дуќаните и домовите шест часа по престанок на врнежите од снег. По, првичните опомени Општинските комунални инспектори ќе ги казнуваат сите оние кои нема да ги исполнат законските обврски и тоа 100 евра за правни лица и 50 евра за физички лица кои нема да го расчистат тротоарот или влезот пред трговските објекти или домовите.
Во понеделник Општина Ѓорче Петров упати апел до граѓаните да си ги завршат законските обврски за да нема казнување и воедно ги замолува опствениците на моторни возила кои се паркирани на улиците истите да ги отстранат за да може општинската механизација да ги расчисти и сервисните улици.
Што се однесува до обврските на Општините, од Ѓорче Петров и од Центар сооштија дека во текот на изминатата ноќ и изутринава се исчистени сите патишта.
„Дежурните екипи од општината Ѓорче Петров за расчистување на улиците уште вечерта беа на терен расчистувајќи ги главните сообраќајници во општината. На критичниот надвозник пред населбата „Даме Груев“ утрината немаше никаков застој и сообраќајот се одвиваше без никаквов застој. Се расчистуваа и патиштата кон селата Кучково и Никиштане како и патот кон селото Орман. Автобусите на ЈСП нормално ги одржуваат линиите до сите населени места. Воедно комуналните инспектори се на терен за да ги опоменуваат граѓаните навремено да ги расчистат тротоарите затоа што тоа е наша заедничка обврска.Според законот за јавна чистота граѓаните треба да ги расчистат тротоарите пред дуќаните и домовите шест часа по престанок на врнежите“, соопшти Општина Горче Петров.
И зимската служба на Општина Центар излезе на терен и непрекинато ги чистеше улиците кои се под нејзина надлежност, вчера од 13:30 до 03:30 утринава.
„Фрлени се 46 тони сол, а улиците ги чистеа три зимски возила. Надлежните не дозволија во ниту еден момент да има застој или проблеми со сообраќајот на овие улици. Утрово, вработените излегоа и ги чистат тротоарите на центарските улици. Службата е подготвена и има доволно сол доколку има нови и поголеми врнежи од снег“, велат од Ооштина Центар.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

