Скопје
Казни за кафулиња во Центар поради прегласна музика
Општина Центар казни неколку кафе барови кои пуштале гласна музика, но и поради неправилности при поставувањето на урбаната опрема.
По пријави на граѓаните кои се жалеле на бучава во повеќе кафе барови во Центар, инспекцијата контролирала неколку објекти, а според мерењата на овластена компанија, во 50 отсто од контролираните објекти е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава од 45 децибели.
На кафе баровите „Стоби“, „Кубански Бар“, „Џуси Бар“ и кафе барот “Децата од нашата улица“, општина Центар ќе им издаде платен налог со казни од 500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесат прекршочни пријави, соопштуваат од Општина Центар.
По извршениот редовен инспекциски надзор на комуналната и градежна инспекција на општина Центар, во периодот јуни – јули 2015-та година, кај правни лица се утврдени неправилности и недостатоци при поставување на урбаната опрема.
Тераси со и без настрешница и покриени или непокриени шанкови, согласно одредбите за поставување урбана опрема.
Секторот за инспекција ќе преземе мерки за отстранување на констатираните неправилности и недостатоци. Контролите ќе продолжат и во наредниот период./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

