Скопје
Ќе се градат две нови градинки во Ново Лисиче

Деновиве Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на „Буба Мара“, како и уште една градинка во рамки на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.
Проектната задача за изградба, поточно за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо-фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна според правилата на Хасап системот, како и реконструкција на санитарните јазли.За изградбата на новата градинка во рамки на објектот „Буба Мара“, пак, е планирана површина за градење од приближно 1.000 м2, каде треба да се реализираат минимум шест занимални, како и санитарни јазли за секоја занимална.Исто така, при проектирањето на детските градинки ќе се запазат стандардите за енергетска ефикасност, со што ќе се обезбедат потребните услови за предучилишно згрижување на децата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)