Скопје
Ќе се гради нов парк во Аеродром
Нов парк, изградба на инфраструктура, пристапни улици и друго најави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за 2015 година.
Нов парк, изградба на инфраструктура, пристапни улици и друго најави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за 2015 година.
„Во 2015 година, планираме да градиме и да создаваме што е можно повеќе за жителите на Аеродром“, рече Коневски.
Најави изградба на нов парк спроти „Мајчин дом“, на површина од 2.319 м2 и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и цвеќе.
За 2015 година планирани се и изградба на комунална инфраструктура на улицата „Анастас Митрев 3“ во Мичурин, изградба на инфраструктура во населбата Стар Аеродром, нова пристапна улица кон локалитетот „Индустриска зона“, доизградба на фекалната канализација во Горно и Долно Лисиче, атмосферска канализација во Горно Лисиче.
Ќе се обновуваат улици во Горно и Долно Лисиче, обнова на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“ во соработка со Светска банка и Агенција за државни патишта, осветлување паркиралишта во населбата Јане Сандански, изградба на систем за автоматско наводнување на зеленилото во населбата „13 Ноември“.
Ќе се изработи нов план за локален економски развој (ЛЕР), проекти за подобрување на условите за образование и спорт, ќе се изградат нови пешачки патеки и тротоари и ќе се догради сервисната улица покрај булеварот „АСНОМ“
Во 2014 година, како што рече градоначалникот Коневски, се реализираа десетина капитални проекти, меѓу кои: изградбата на Спортскиот центар „Јане Сандански“, нова инфраструктура во Ново Лисиче, нова инфраструктура покрај булеварот „Трета македонска бригада“, нова инфраструктура во Реонски центар „Аеродром“, повеќенаменско спортско игралиште во Реонски центар „Аеродром“.
Обезбедена училишна облека во основните училиште, бесплатен англиски јазик во градинките, поставени соларни колектори во објектот „Црвенкапа“ за заштеда на енергија, изградба на систем за автоматско наводнување на зеленилото во населбата Јане Сандански, меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“, турнир во мал фудбал, споменик Александар Македонски и многу други проекти како Фудбалодром./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

