Скопје
Ќе се уредува третиот дел на парк „Македонија“
Третиот дел од паркот „Македонија“, кој се простира на територија на Општина Карпош, почна од понеделникот да се уредува, со што Скопје ќе добие уште еден парк на површина од 10.000 метри квадратни.
Третиот дел од паркот „Македонија“, кој се простира на територија на Општина Карпош, почна од понеделникот да се уредува, со што Скопје ќе добие уште еден парк на површина од 10.000 метри квадратни.
Како што соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на таа површина ќе останат сите постојни дрвја, а ќе се засадат нови 61 дрво.„Град Скопје заедно со Општина Карпош ќе го уредуваат третиот дел на паркот ‘Македонија’, покрај булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’. Градот Скопје ќе уредува зелена површина од околу 6.000 квадратни метри, на којашто ќе постави систем за наводнување. При уредувањето на овој парк нема да биде исечено ниту едно дрво од веќе постојните, а дополнително ќе бидат засади уште 61 садница. За реализација на овој проект од буџетот на градот се издвоени околу четири милиони денари. Сакам да истакнам дека Градот Скопје има успешна соработка со Општина Карпош и на други проекти, како што е поставувањето на фекалната и атмосферската канализација во Злокуќани и во Нерези“, рече градоначалникот Трајановски.Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дел на паркот „Македонија“ ќе биде на површина од околу 10.000 квадратни метри, од кој Општина Крпош ќе уредува партерно околу 4.000 квадратни метри, за кој од буџетот имаат издвоено околу 20 милиони денари. Тој потенцираше и дека досега со Градот Скопје успешно соработувале на повеќе проекти. На уредувањето на новата зелена површина ќе работат екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

