Скопје
Кинескиот амабсадор во посета на Кисела Вода
Новиот амбасадор на НР Кина во Македонија, Вен Џеншун остари во вторникот официјална посета на општина Кисела Вода.
Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ му посака добредојде, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници со кои и досега, оваа општина имаше одлична соработка.
Дискутирајќи за можностите на општината и предизвиците со кои се соочува, соговорниците се фокусираа на изградбата на новото училиште во населбата Драчево, “ Рајко Жинзифов”, кое е целосна донација од НР Кина.
Анализирајќи ја динамиката на работа и двајцата изразија надеж дека на 1 септември, учениците од овој дел на градот ќе ја почнат учебната година во новиот објект, кој ќе биде урнек за сите други училишта во Скопје./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

