Скопје
Комбинирање на зелен превоз, велосипед, автобус, воз
Во среда, од 19 часот, од Транспортниот ценатр во Скопје, ќе се вози 50-тата ткн Критична маса, овојпат на тема комбинација на превоз и слоганот гласи „Ѕрн ѕрн – чуф чуф – ѕрн ѕрн! Точак на автобус + точак во воз = Да комбинираме зелен превоз!”.
Возењето завршува на паркинг меѓу влезот на Кале и Музеј на современа уметност каде ќе се организра пикник. Мултимодалност е посветеноста на градовите да им понудат различни опции за патување на граѓаните на кои може да се потпрат, за разлика од едномодалниот, автомобилоцентричен модел каде единствена опција на која може со сигурност да се потпреш е колата.Интермодалност е можноста меѓусебно да се комбинираат различните начини на транспорт, нивната интеграција во еден систем. Ист билет да важи за различен транспорт, да се симнеш од воз и веднаш да имаш станица за изнајмување велосипеди, на автобусот да имаш држачи за велосипед, да можеш да патуваш со воз и со велосипед. Во битката за одржливи градови и зелени транспортни системи,интермодалноста ги истакнува предностите на сите начини на превоз, овозможува комбинации и ги прави употребливи различните начини на превоз заедно, во ситуации кога самостојно не се.На пеример, ако живееш далеку од постојката каде минува автобуската линија која ти одговара за на работа за да испешачиш до неа, и затоа не користиш автобус, кога би можел да го прикачиш точакот на автобусот, не само што би почнал да користиш автобус, туку би користел и точак.Или, би сакал да одвозиш со точак до некоја интересна дестинација, но за тоа треба премногу време и затоа не се решаваш. Кога би можел да го натовариш во воз и би стигнал до одредена точка со возот, би го продолжил патувањето со точак. Претходно не си користел воз, но оваа можност те поттикнува.Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“. Совршени партнери!Комбинирањето на превозот е и во полза на јавниот превоз (зашто ќе ја зголеми достапноста до автобусите/возовите: место само пешки, ќе им се пристапува и со велосипед), во полза е и на велосипедскиот превоз (зашто ќе му ги продолжи прифатливите дистанци), на животната средина (зашто ќе се намалат штетните емисии поради зголемување на привлечноста на овие две превозни средства наспроти автомобилите), на туризмот (зашто ќе ја зголеми понудата за дестинации и искуства за туристите). Поддржувачите на оваа идеја очекуваат да наиде на широка поддршка од сите институции и пошироката јавност.НаТочак веќе има направено и ќе направи дополнителни активности во насока на оваа тема. За темата на оваа Критична маса поттикот доаѓа од една лоша и од една добра вест. Лошата вест е забраната за превоз на точаци во возови, а добрата е иницијативата на ЈСП за поставување држачи на автобусите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

