Скопје
Кривична пријава за инвеститорите на дивоградбата на улица Никола Вапцаров

Општина Центар во вторник поднесе кривична пријава против три лица за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината.
Лицата В.П., С.П. и Е.Т., во текот на јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, надградиле два ката на постоечка зграда на ул, “Никола Вапцаров“ бр. 6 со вкупна бруто површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдиле дека се дивоградба.
„На 20 октомври оваа година, овластениот градежен инспектор на општина Центар утврдил дека спротивно на проектот, кој дозволува само реконструкција и адаптација на објекти, инвеститорите подигнале надградба за која немале одобрение од општината. Општината два пати ги покани инвеститорите на средба, еднаш при надзорот со писмена покана и вториот пат на 20.10.2016 телефонски, на што инвеститорите не се одзваа.
Согласно законските прописи, општината достави барање за отстранување на третиот и четвртиот кат во рок од три дена. Со надградбата, осоминчените како соизвршители сториле кривично дело „бесправно градење“ според член 244а од Кривичниот Законик“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Утре дел од Скопје без вода

Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „1 Долно Лисиче“ бб. утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населено место Долно Лисиче.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се до завршување на интервенцијата.
Поради изведување, пак, на водоводен приклучок од 80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ бр.8 во населбата Водно утре од 11:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица и од дел од улицата „Кумровец“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.
Скопје
Денеска, без струја дел од општините Карпош и Ѓорче Петров

ЕВН известува дека денеска, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Ѓорче Петров.
• од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците: Влае, Франце Прешерн, Ацо Шопов и Драгутин Аврамовски-Гуте, (општина Карпош);
• од 12 до 14 часот корисниците од зградата бр. 107 на булеварот Партизански одреди (општина Карпош);
• од 12 до 18 часот корисниците од улицата Шар Планина (општина Ѓорче Петров).
Скопје
Дрес од „МЗТ Скопје Аеродром“ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, изминативе неколку дена учествуваше на светскиот самит, кој се организира во рамките на Мрежата на силните градови, каде што членува и Општина Аеродром. Во рамките на учеството тој на градоначалникот на Њујорк, кој истовремено е домаќин на настанот, му врачи дрес од кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје Аеродром“, извести Општината.
Настанот, кој е финансиран од страна на Европската Унија и Стејт департментот во Њујорк, на едно место ги собра повеќе од 70 градоначалници на општини и градови. Домаќин на настанот беше градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој е голем фан на кошарката. По тој повод, од страна на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, му беше врачен дрес од македонскиот кошаркарски шампион, „МЗТ Скопје Аеродром“.
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата објава на „Инстаграм“ истакна дека дресот на „МЗТ Скопје Аеродром“ треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка.
„Сино-белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, истакна Муцунски во објавата.
Муцунски упати и апел до навивачите и до љубителите на спортот, в сабота, во СРЦ „Кале“, да дадат поддршка за „МЗТ Скопје Аеродром“ во финалето од Суперкупот.