Скопје
Стајковци повторно под вода

Скопската населба Стајковци, три месеца по катастрофалната поплава во скопско, во која загинаа 22 лица, а голем број домови и земјоделски површини беа поплавени, повгорно во вторникот е поплавено.
Во вторник во Скопје и околината, како и во најголемиот дел од земјата преовладува нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е ретка појава на град.
На повеќе места врнежите се обилни, особено во задните делови од земјата каде се очекува да наврнат околу 60 литри н аквадратен метар. Дува умерен, повремено и силен ветер од јужен правец, повеќе ќе биде изразен во јужните и западните делови од земјата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)