Скопје
Луксуз или не набавката на електрично возило за Град Скопје?
Класичен пример за расипничко трошење на градскиот татко Коце Трајановски, според СДСМ е набавката на ново возило на електричен погон кое чини 30.000 евра, а од Градот објаснуваат дека од него има повеќе придобивки.
Класичен пример за расипничко трошење на градскиот татко Коце Трајановски, според СДСМ е набавката на ново возило на електричен погон кое чини 30.000 евра, а од Градот објаснуваат дека од него има повеќе придобивки.
„Советничката група на СДСМ и коалицијата остро се спротивстави на ваквата одлука. Сметаме дека парите во вредност од 30.000 евра можеа да се искористат за набавка на уште едно дополнително специјално возило за лицата со посебни потреби или ново амбулантно возило за потребите на здравствениот систем. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, рече Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје.Од Град Скопје велат дека со набавката на електрично возило се намалува емисијата на штетни гасови на 0.„Електричните возила се крајно економични и 100 километри се поминуваат за околу 40 денари, со што самото возило ќе има економска исплатливост за неколку години. Дополнително, овие возила се исклучително тивки и придонесуваат за намалување на бучавата во урбаните средини. Во изминатиов период Градот Скопје го постави и првиот полнач за вакви возила во катната гаража „Македонска фаланга” кој е ставен на располагање за бесплатно користење на сопствениците на ваквите возила, со што дополнително ги поттикнување физичките и правните лица да набават ваков вид возила“, реагираат од Скопје.Дополнително, сметаат дека е крајно несоодветно да се предлага со овие средства да се набави специјално возило за лица со посебни потреби, кога токму на оваа седница, пред само една точка, Советот донесол одлука за набавка на вакво возило, кое е четтврто од ваков вид кое Град Скопје го става на располагање на оваа категорија граѓани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

