Скопје
Манчевски: Новата власт веднаш ќе ја стопира изведбата на нови барокни фасади
Граѓаните нема да дозволат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барокни. Пред да има можност да се реализира оваа безумие ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
„Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти. Затоа, ги повикуваме сите домашни и странски градежни компании да не учествуваат на повикот, кој евентуално би го распишала криминалната влада на Никола Груевски“, рече Манчевски, при тоа додавајќи дека веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните. „Ги повикувам функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, чесните и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014. Граѓаните на Скопје, но и цела Македонија апсолутно се спротивставуваат на трошењето на пари за раскош и луксуз. На ова безумие можеме заедно да му ставиме крај“, истакна Манчевски. /крај/со/ст
Извор: СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

