Скопје
Меџити на форумот ’Smart City’: Чаир е најмултинационална општина
Градоначалникот на скопската општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше во Меѓународниот форум Smart City во албанскиот пристанишен град Драч, насочен да собира и да размени идеи, знаења, кои ќе бидат претворени со визија на интелигентниот град, за еден издржлив развој, експертизите и практиките на најдобри истражувачи, јавни и стручни личности.
Градоначалникот на скопската општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше во Меѓународниот форум Smart City во албанскиот пристанишен град Драч, насочен да собира и да размени идеи, знаења, кои ќе бидат претворени со визија на интелигентниот град, за еден издржлив развој, експертизите и практиките на најдобри истражувачи, јавни и стручни личности.
Еден од приоритетите на Форумот е да доближи една уникатна и динамична платформа за дебата создавајќи ја заеднички сите домашни и меѓународни актери од јавниот и приватниот сектор. Тоа, како што истакнаа организаторите, ќе создаде основа за ефикасна соработка и подготвеност, за да се ставаат во практика идните идеи и иновации, ставајќи во движење и начините на новата технологија, дизајнот и техниката на планирањето за развој на регионот во иднина .
Во излагањето на чаирскиот градоначалник Меџити, истакна дека општината Чаир е општина во состав на Град Скопје, каде вкупниот број на население во рамките на Општина Чаир е 64.773 жители, или 3,2 отсто од целокупниот број на жители на Република Македонија.
„Имајќи предвид дека територијата на општината е 3,52 квадратни метри, произлегува дека густината на населеност е 18.400 жители на еден квадратен километар, густина која можеби е најголема во Европа. И покрај овие инфраструктури ограничувања, општина Чаир е една од најмултинационална општина. Тука живеат различни националности, покрај етничките Албанци, има и Македонци, Турци, Роми, Бошњаци, итн“, истакна Меџити. Институтот Адриапол во соработка со универзитетот „Марин Барлети“ под посебно внимание на Советот на министри на Република Албанија, организираат во понеделникот и вторникот Прв меѓународен форум во Албанија за „Интелигентниот град“.
Форумот, во чијашто работа учествуваат и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и неколку министри од албанската влада , Косово, Македонија и значајни уметници од Италија, Англија, Австрија и Германија во врска соодветните тематики, ќе ги почне идните иницијативи и соработка за создавање на ткн интелигентниот град. /крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

