Скопје
Миа е првороденото бебе во Скопје во 2015-та
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за здравство, Никола Тодоров и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов во четвртокот на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посетија првото бебе што се роди во Скопје во новата 2015 година.
Првото новороденче е женско и донесе неизмерна радост на мајката Оливера Лазарова. Миа, која се роди во првата минута во новата година, е трето дете за семејството Лазарови. Бебето е долго е 51 сантиметар, а тешко 3,5 колограми.
„Со задоволство им го честитам третото дете на семејството Лазарови и им посакувам среќни новогодишни и божикни празници. На Миа и’ посакувам многу здравје и среќа“, рече првиот човек на македонската престолнина.
Градот Скопје традиционално на првороденото дете во новата година му подарува штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци
Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2015 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов, успех и бериќет./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.
Македонија
(Видео) Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување камен темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, општина Карпош.
„Би сакал да изразам задоволство што овој објект добива своја физиономија, беше заглавена процедурата, беше заглавена изградбата и проектот самиот по себе, но еве гледате за колку кратко време можеби недела до две веќе почнува да се извишува и тоа е добро, затоа што е дел од образовниот процес, добро е што жителите на овој дел од градот ќе можат да ја користат оваа спортска сала, но она коешто е најважно, учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ќе може да добијат современ спортски објект каде што ќе може да се натпреваруваат во кошарка, во ракомет и во други спортови. Геометријата на самиот проект одговара на барањата и потребите на врвните федерации, така што тоа е посебно треба да се истакне за овој проект“, кажа Мицкоски.

„Јас му честитам на градоначалникот за успешно завршените подготвителни активност, сега останува на компанијата изведувач. Да се заблагодарам на администрацијата, на советниците, на пратеникот од Карпош којшто работат секојдневно за да овие проекти коишто дел од нив се во некоја полу форма добијат физиономија, добијат форма и во рокот да бидат завршени. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти затоа што иднината е во најмладите иднината е во децата, образованието на децата ни е најважно и така ќе се однесуваме во годините коишто следат. Уште еднаш честитам и посакувам уште многу вакви проекти да се реализираат“, додаде премиерот.
Изградбата на објектот започна во средината на јануари годинава, а градежните активности се очекува да завршат до мај. Изведувач на проектот е компанијата „Конструктор“, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 63.843.523 денари.

