Контакт

Скопје

Милениумскиот крст на Водно доби ново осветлување

Објавено пред

Нов систем за осветлување на Милениумскиот крст беше пуштен во употреба во вторник на врвот на Водно.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Објектот не беше целосно завршен, а постои цели петнаесет години. Поради тоа беше неопходна негова доизградба, реконструкција, како и преземање активности за негово обновување. За таа цел беа преземени активностите, како антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумски крст, што е доста сложена технологија, но во исто време претставува значаен фактор во осигурувањето на конструкцијата во целина, направена е и нова електрична инсталација на Милениумскиот крст кој е е осветлен со 280 ЛЕД светилки“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

 

Тој додаде дека вредноста на целокупниот проектот за осветлување на Милениумски крст изнесува 15. милиони  денари.

 

Трајановски информираше и за работите кои сè уште не се завршени, но се во тек.

 

„Тоа е делумна демонтажа на постојниот лифт, како и негова замена со нов панорамски и застаклен лифт, почнато е водоснабдувањето на Милениумскиот крст, во фаза е изградба на водоводна инсталација од бунарот до Милениумскиот крст, како и довршување на активностите околу изградбата на бунарот.Исто така,  комплетно е опремен ресторанот кој е сместен во самата основа на Крстот и во наредниот период се очекува и негово пуштање во употреба, како и изградба на пречистителна станица и резервоар за питка вода. Сите овие активности за доизградба на Милениумски крст се во вредност од 66 милиони денари“, информираше Трајановски.

 

Проектот и организацијата на работите за поставување на новиот систем за осветлување на Милениумскиот крст беа реализирани од компанијата „Балкан Енерџи Груп“, а оваа иницијатива активно ја поддржа Леонид Лебедев, член на Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација, донатор и општествен деец.

 

Модернизирањето на системот за осветлување овозможи да му се даде нов, посовремен изглед на еден од главните архитектонски симболи на Скопје, да се нагласи неговата неповторливост. Реализацијата на проектот ќе придонесе за развојот на туристичката и културно-историската инфраструктура на главниот град на Македонија.

 

Покрај естетските придобивки, модернизацијата ќе овозможи и технички и економски придобивки, како намалување на потрошувачката на електрична енергија за 20%, односно на тој начин ќе се заштедат околу 3.600 евра годишно. Трошоците за поправките на старите светилки, кои сега се заменети  со  светилки од нов тип ќе се намалат за 2.000 евра годишно. Годишните трошоци за техничкото одржување на комплексот за осветлување ќе се намалат за 1.500 евра. Вкупната годишна заштеда на парични средства неопходни за експлоатацијата на системот за осветлување ќе изнесува 7.100 евра. Рокот на експлоатација на новиот систем за осветлување ќе биде најмалку 15 години. /крај/со/ст

Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија4 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет19 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија20 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија20 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...