Скопје
Министерството за транспорт и врски: Центар ќе добие 220.000 евра од продажбата на земјиштето
Министерството за транспорт и врски најостро реагира на обвинувањата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој обвини за продажба на атрактивни земјишта по багателни цени.
Информираа дека имало објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија каде право на учество на јавното наддавање имаа сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица, со почетната цена на градежното земјиште од 2.200 денари за 1 м2.„На јавното наддавање пријава за учество поднесе 1 правно лице СИС Балкан ДОО Скопје, чии што основачи се Сергеј Борисович Самсоненко и Ирина Владимировна Самсоненко. Постигнатата цена на јавното наддавање изнесува 2.420 денари за 1м2, односно за вкупната површина на градежната парцела истата изнесува 34.122.000 денари или нешто повеќе од половина милион евра, од кои 40 % ќе завршат во буџетот на општина Центар, 40 % во буџетот на градот Скопје и 20 % во буџетот на Република Македонија, со што општина Центар ќе добие приход од повеќе од 220.000 евра“, се вели во соопштението на Министерството.„За разлика од минатото, кога градежното земјиште се продаваше со непосредна спогодба, со договори во четири очи, по багателна цена, како што е примерот со земјиштето за изградба на Рамстор, што претставува комерцијално деловен објект, кое беше продадено за 25 евра за 1м2, јавноста го памети тоа, Министерството за транспорт и врски спроведе јавна, транспарентна постапка за отуѓување на ова градежно земјиште, каде што за учество на јавно наддавање можеше да се пријави секое заинтересирано лице, при што земјиштето за изградба на спортски терени се продаде за цена од повеќе од половина милион евра“, додаваат од Транспорт и врски.Го повикаа градоначалникот на општина Центар да каже кој закон е прекршен при продажбата на градежното земјиште и дали има против изградбата на спортски терени во општина Центар каде што ќе се создатат услови да спортуваат млади луѓе?/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

