Скопје
Мобилната полициска станица на патрола во Општина Аеродром

Мобилната полициска станица патролира на три локации на територијата на Општина Аеродром и тоа кај паркот Бановина, кај ОУ „Гоце Делчев“ и во Долно Лисиче.
Мобилната полициска станица патролира на три локации на територијата на Општина Аеродром и тоа кај паркот Бановина, кај ОУ „Гоце Делчев“ и во Долно Лисиче.
Имено, на 12. јули мобилната полициска станица од 08 до 11 часот ќе биде во населба Лисиче, кај паркот Бановина, од 11 до 13 часот во село Горно Лисиче, кај ОУ „Гоце Делчев“ и од 13 до 16 часот во село Долно Лисиче, на последната автобуска станица на бр.31. Овој распоред важи до први септември.
„Со цел поттикнување на соработката меѓу граѓаните и полицијата, Мобилната полициска станица се реализира во насока да обезбеди што поголемо присуство и достапност на полицијата, одржување на стабилен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба во однос на криминалитетот. Во таа насока се организирани посебни мото-патроли составени од водач на безбедносен реон и двајца полициски службеници коишто вршат општи полициски работи за да се детектираат заеднички проблемите на зaедницата, упатување на граѓаните во соодветни институции, како и преземање мерки и активности по конкретни пријави од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Аеродром.
Планот за работа на мобилната полициска служба е истакнат во месната заедница Горно Лисиче Запад, Горно Лисиче Југ и Долно Лисиче, како и на сајтот на Министерството за внатрешни работи.
Проектот Мобилни полициски станици што ќе се реализира во руралните места во скопскиот регион почна со реализација на 26. јуни во село Стајковци. За негова реализација, во полициските станици на подрачјето на СВР Скопје се формирани дваесетина полициски тимови во функција на мобилни полициски станици кои што во наредниот период до декември ќе бидат обврзани да партолираат во околу 140 рурални места на подрачјето на скопско.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)