Скопје
На ноќнaта тркa „Низ улиците на Скопје“ 600 учесници
По повод 13 Ноември, денот на ослободување на град Скопје, во недела вечер, со учество на 600 натпреварувачи, се реализираше традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.
Натпреварот, кој е вметнат во Календарот на АФМ, ЕАА, се организираше во четири категории, машка и женска трка за средношколци на 1.200 метри, и главна трка за сениори во машка и во женска конкуренција на 4.800 метри.Павел Јанковски од СУГС „Никола Карев“, Павле Јовановски од СУГС „Владо Тасевски“ и Виктор Андоновиќ од СУГС „Раде Јовчевски –Корчагин“, се најдобрите тројца атлетичари во дисциплината на 1.200 метри за ученици-рекреативци, додека во конкуренција на ученички-рекреативки најдобри три на вчерашната трка беа Рената Соколовска од СУГС „Георги Димитров“, Вера Урдаревска од ДУФК „М.М. Брицо“ и Марија Кузевска од СУГС „Орце Николов“.Првото место во категоријата атлетичари на 4.800 метри го освои Милош Ранчиќ од АК „Скок“, второто Кокан Ајановски од АК „Работнички“, а трет на финишот стигна Дарио Ивановски од АК „Работнички“, додека пак во трката на 4.800 метри за атлетичарки првите три награди отидоа во рацете на Росица Костова од АК „Делта“, Марија Стојановска од АК „Делта“ и Весна Кираџиева од АК „Индуранс“.Наградниот фонд за најдобрите на ноќната атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ изнесува 30.000 денари, а Град Скопје оваа манифестација ја финансира со 60.000 денари.Организатор е Атлетската федерација на Македонија, покровител е Град Скопје, а градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го означи стартот на шестата по ред ноќна атлетска трка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

