Скопје
Набавена модерна техничка опрема за ССОУ „Илинден“
Општина Илинден инвестираше во набавка на нова модерна и современа техничка опрема за вршење на практична настава на учениците од Средното стручно општинско училиште „Илинден“.
Градоначалникот Жика Стојановски во присуство на директорот на Средното стручно училиште „Илинден“, во четврток ја предаде во употреба новата опрема за практична настава.
Опремата во вкупна вредност од 1.400.000,00 денари се состои од 12 функциски генератори, шест дигитални осцилоскопи, аналогни осцилоскопи, два лабораториски бројача, 14 извори за напојување и 16 миливолтметри.
„Со обезбедување на техничката опрема за реализирање на практичната наставна програма, која е од исклучително значење за учениците од средното училиште, Општина Илинден продолжува со својата определба за инвестирање во образованието, со што директно придонесува во стимулирање и мотивирање на учениците и наставниците за постигнување високи резултати во образовниот процес“, информира локалната власт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

