Скопје
Над 1.000 жени учествуваа во Женската трка во Скопје
Брзото секојдневие придонесува жените да имаат сè повеќе обврски, а сè помалку време за да обрнат внимание на себе и на своето здравје. Вежбањето и физичката активност не смеат да бидат запоставени, а водењето на здрав живот мора да биде примарна цел на сите нас. Ова беше пораката која повеќе од илјада жени денеска ја испратија на четврта по ред Женска трка, која претпладнево беше одржана во Градскиот парк во Скопје.
Насмеани, расположени и подготвени за дружење, трчање и забава, денес голем број на жени од 10 часот пред Школка најпрвин одржаа аеробик час, а потоа истрчаа два километри. Низ годините, Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со сè поголема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува.
„Оваа година Женската трка, која што е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016, е влезена во календарот на Европската Атлетска Федерација, па целиот убав настан имаше и натпреварувачки карактер. Трите најдобро пласирани во генерален пласман добија награди, а имаше награди и за најдобрите три по возрасни категории, а се одржа и лотарија за сите учеснички. Денеска беше прекрасно да се видат толку многу жени на едно место дојдени со една цел, да спортуваат и да се забавуваат. Тие на овој начин покажаа дека здравјето е нивен приоритет. Денешната Женска трка со бројка од над 1000 жени беше доказ дека припадничките на понежниот пол кај нас знаат како да се грижат за своето здравје. Горда сум дека од година во година расте заинтересираноста на жените да се вклучат во активноста која го засега нивното здравје“, рече Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.
Трите победнички на годинешната женска трка се Хајрие Азири (прво место), Виолета Ивановиќ (второ место) и Бојана Наумовска (трето место). На трката присутен беше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој ја означи старт линијата.
Дека целиот настан го разубави викендот во Скопје потврди и Кире Синадиновски, директорот на Скопски маратон.
„Изненаден сум од глетката која утрово ја видов во Градскиот парк. Навистина ме радува фактот дека сè повеќе жени се пријавуваат да трчаат на Женската трка и со тоа очекувам и во поголем број од минатите години да ги видиме на стартот на Виз Ер Скопски Маратон на 8-ми мај оваа година. Според досегашните пријавени учесници, овогодинешниот маратон ќе биде најмасовниот досега бидејќи до денеска имаме 5.000 пријавени учесници“, рече Синадиновски./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




