Скопје
Надлежните служби успешно и брзо ги санираа последиците од невремето
По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје во саботата во попладневните часови, екипите на Градот Скопје, на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираа штетите.
Екипите на Градот Скопје и на јавните претпријатија вчера интервенираа кај подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“, на подвозникот на улицата Павел Шатев и на подвозникот на булеварот Киро Глигоров. Во исцрпувањето на водата интервенираа екипи на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада, и поплавените подвозници беа проодни за помалку од еден час.
На повеќе локации во градот силниот ветер искрши и турна повеќе дрвја и гранки, пришто екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ интервенираа на терен на 25 локации.
Во вчерашните активности на Градскиот штаб за заштита и спасување беа вклучени повеќе од 250 лица, а на терен делуваа со повеќе од 50 возила на јавните претпријатија на Град Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје.
Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија и УМХР ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




