Скопје
Наградени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во четвртокот им ги додели наградите на најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година.
„На овие вредни, пожртвувани и хумани луѓе од свое лично име и од името на моите сограѓани сакам да им се заблагодарам за посветеноста и стручноста со кои пристапуваат во извршувањето на своите работни задачи, спасуваат животи и придонесуваат за поголема безбедност и сигурност во нашиот град. На најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари“, рече Трајановски.
Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во УПС Полициска станица од општа надлежност во Гази Баба. Стојановски во текот на оваа година има постигнато одлични резултати во откривањето кривични дела и расчистување на нарушувањата на јавниот ред и мир со непознати сторители. Меѓудругото, во 2014 година Стојановски има фатено на самото место тројца сторители и расветлено четири кривични дела – тешки кражби. Во име на полицаецот Стојановски, денеска наградата ја прими неговиот командир Томче Петрушев.
Наградата за најдобар пожарникар за 2014 година годинава отиде кај Зоран Ј. Трајаноски, пожарникар-спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кој учествувал во гаснењето поголем број пожари и придонел за спасување човечки животи и за намалување на материјалните штети.
Наградата за најдобар крводарител во Скопје за 2014 година ја доби Мирко Инчевски, инаку, вработен во Клинички центар Скопје, кој досега дарувал крв 112 пати и е истакнат крводарител/мотиватор и вистински пример меѓу крводарителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

