Скопје
Најстарата скопска општина Кисела Вода одбележа 59 години од формирањето
Уште од раните утрински часови во неделата започна одбележувањто на 59-годишнината од формирањето на најстарата скопска општина – Кисела Вода. Симболично, случувањата започнаа со најмладите жители на општината, при што градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ додели 25 ваучери во вредност од 6.000 денари на семјствата кои имаат новороденчиња.
Уште од раните утрински часови во неделата започна одбележувањто на 59-годишнината од формирањето на најстарата скопска општина – Кисела Вода. Симболично, случувањата започнаа со најмладите жители на општината, при што градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ додели 25 ваучери во вредност од 6.000 денари на семјствата кои имаат новороденчиња.
„Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, кога општина Кисела Вода го слави својот 59-ти роденден, имаме доделено 536 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да ви ветиме вам, како нивни родители, дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика. Од нив зависи растежот на општината. Од нив зависи и растежот на нашата земја“, рече Беличанец-Алексиќ пред семејствата кои годинава добија принови.
Одбележувањето на роденденот на општината продолжи со доделување награди за 44-те најуспешни ученици од основните училишта на територија на општина Кисела Вода кои во оваа учебна година имале најдобри резултати на државните и регионалните натпревари. Наградата која им ја доделува општина Кисела Вода е во вредност од 10.000 денари и е само дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори.
„Почитувани ученици, оваа скромна награда треба да биде стимул за да продолжите и понатаму да работите, да се развивате и да бидете референтна точка за сите ваши наследници во училишните клупи“, рече Беличанец-Алексиќ/
Претпладнето во Големата сала се одржа свечена седница на Советот на општината. Претседателот на Советот, Трајче Донев, потсети на историјатот на општината и се осврна на бројните проекти кои се реализираа во оваа година.
„И од денеска, кога заеднички влегуваме во 60-та јубилејна година од постоењето на оваа општина, заеднички со градоначалникот, како раководство, можеме да Ви ветиме дека ќе продолжиме со ист интензитет да работиме и да се залагаме за остварување на сите ваши желби и потреби. Нашата досегашна работа е гаранција дека тоа што го ветуваме ќе биде реализирано“, истакна Донев.
Во присуство на многу гости, пријатели на општина Кисела Вода, потоа беа доделени благодарници за луѓето и компаниите кои во оваа година беа заслужни за афирмирањето на оваа локална самуправа.
Прославата на роденденот продолжи во паркот Шопен каде Градскиот дувачки оркестар одржа концерт со програма осмислена за да може да ги задоволи сите музички вкусови. Публиката која дојде да го проследи концертот потпевнуваше и играше на популарна музика од Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Ленон, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус… Забавата продолжи во Расадник, пред кафулето „Гет“, каде точно напладне започна женското авторели, во соработка со женскиот „Автофан клуб“.
Женското авторели се одвива низ целата општина, со старт во Расадник, преку селото и населбата Драчево, па повторно во Расадник, каде во 16 часот ќе бидат доделени наградите на најуспешните жени возачи.
Веќе во 18 часот, повторно во паркот Шопен, во организација на Здружението на пензионери и Црвениот крст, докторски тим од Црвениот Крст ќе врши бесплатни мерења на притисок и ќе дава бесплатни здравствени совети, додека паралелно, на истата локација, ќе се одржува веќе традиционалната Коријада, по која од 19:30, па до 21 часот, ќе уследи културно-забавна програма во изведба на Здружението на пензионери на Кисела Вода./крај/мф/таи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

