Скопје
Налепница „Мисли на велосипедистите“ на ретровизор
Во понеделник, со почеток во 12 часот, во АМСМ – Станицата за технички преглед Скопје – Центар, во рамките на акцијата „Со велосипед на пат низ целиот град“ ќе биде презентирана посебна налепница „Мисли на велосипедистите“.
Налепницата „Мисли на велосипедистите“ има за цел подигање на свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.
Првите налепници на возилата ќе бидат поставени од страна на претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски и генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски.
Во рамките на настанот, покрај сообраќајно-едукативните пораки кои претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски и генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски, ќе ги испратат до возачите на моторни возила, исто така ќе биде промовирана програмата и целите на акцијата „Со велосипед на пат низ целиот град“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

