Контакт

Скопје

Нема повеќе хартиени билети за автобусите на ЈСП Скопје

Објавено пред

Од 1 септември годинава во градскиот јавен автобуски превоз се укинуваат хартиените билети за 10 возења, а оние за едно возење, купени кај возачот, остануваат во употреба.
 

dobivaj vesti na viber

Од 1 септември годинава во градскиот јавен автобуски превоз се укинуваат хартиените билети за 10 возења, а оние за едно возење, купени кај возачот, остануваат во употреба.

 

Другите билети ќе бидат впишувани во електронските персонализирани и неперсонализирани картички.Системот за електронската наплата е воведен во ЈСП Скопје уште од август 2015 година, кога прво беа воведени билетите за бесплатен превоз на повозрасната група на граѓани (над 62 години за жени, односно над 64 години за мажи) и бесплатните билети за учениците од основните и средните училишта.Како што информира ЈСП Скопје, од август 2015 до 31 декември 2015 година беше тест период, во кој беа воочувани одредени мали технички проблеми, кои успешно беа решени.Од 1 јануари 2016 година во употреба беа пуштени и неперсонализираните картички, како и бесплатните студентски билети. Овој систем стартуваше паралелно со стариот систем на употреба на хартиениете билети за 10 возења и оние за едно возење, купено кај возачот. „Овој систем ни овозможува и порамномерно сообраќање, следење на бројот на патници, порамномерни интервали на движење на возилата, како и зголемена безбедност на возачите“, соопштија од ЈСП Скопје.Досега се издадени 131.604 персонализирани картички, односно 15.891 неперсонализирана картичка. Самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната, која содржи две гратис возења и 200 денари за персонализираната, без впишување на билет. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичка, туку само ја надополнува со парични средства.Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати, односно уште колку возења може да се остварат (во зависност од типот на билет). Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6.000 денари.Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, додека надополнување со средства и купување на сите останати билети, може да се направи на двата типа картички. Картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 години за жени и 64 за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење персонализирана картичка.Услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии во Скопје. За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда за редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот Центар за персонализација.Овозможено е плаќање билет со мобилен телефон, т.е. со повикување на бројот 185 од било кој телефонски апарат, без оглед на оперативниот систем во него. Со доближување на мобилниот телефон до валидаторот, корисникот има можност за плаќање на билетот.Во сите возила се инсталирани ГПС уреди, преку кои автобусите можат да се следат дали застанале на некоја станица и да се следи нивната брзина во реално време.„И секако информирани сме за бројот на патници во возилото, што ни дава сигнал за пуштање дополнително возило, доколку за тоа има потреба. Подобро е регулирана точноста на возилата и нивно навремено пристигнување на постојките. Системот ни овозможува, доколку се случи некоја сообраќајна незгода или пак дефект на возилото, веднаш да се реагира со пуштање сервисно возило или пак дополнително возило во сообраќај. Целата процедура се одвива преку Оперативниот контролен центар, кој е опремен исклучиво за следење на возилата“, соопшти ЈСП Скопје.Во сите возила се поставени дисплеи со сигнализација за која автобуска станица следи. На постојките се монтирани дисплеи кои ги информираат корисниците на јавниот превоз за колку време доаѓа автобусот што го чекаат.Приватните превозници побараа одложување на примената на системот заради одреден број автобуси, кои беа зафатени од поплавите. По тоа барање се формираа мешовити комисии од приватните превозници, Град Скопје и ЈСП Скопје кои излегоа на терен за да ги проверат состојбите. Советот на Град Скопје на последната седница одлучи да ја одложи примената на стaртот на системот за електронска наплата до 1 јануари 2017 година./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Објавено пред

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;

– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;

– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;

-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од четири скопски општини денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;

· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;

· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;

· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија13 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ14 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија15 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија16 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија17 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија19 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија19 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија19 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет20 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет20 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа21 час

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа21 час

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа21 час

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...