Скопје
Ноќеска поставен споменик на албански писател спроти Собрание
Споменик на албанскиот писател Пјетр Богдани во петокот вечерта по полноќ бил истоварен во Паркот „Жена Борец” и оставен на тревата, јавува ТВ21.
Тој е дел од проектот „Скопје 2014“, но не бил се уште пристигнат од Фиренца.
Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата во 1945 година, и поетот Јосиф Багери.
Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи ќе биде поставен пред зградата на Телеком./крај/мф
Извор: Фото:ТВ21
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

