Скопје
Нов портал, visitskopje.mk, за поголема и подобра промоција на Скопје
Преку слоганот „Доживетеј го Скопје“ (Feel Skopje), во четврток беше промовиран новиот портал visitskopje.mk, што има за цел да ги промовира убавините на главниот град, како и туристичките капацитети на Скопје.
Преку слоганот „Доживетеј го Скопје“ (Feel Skopje), во четврток беше промовиран новиот портал visitskopje.mk, што има за цел да ги промовира убавините на главниот град, како и туристичките капацитети на Скопје.
Feel Skopje e движечкиот слоган со кој ќе почне целата кампања за промоција на веб порталот.
„Порталот ги има сите оние податоцои кои му требаат на еден турист да се информира пред да дојде во Скопје. Порталот е прегледен и едноставен, така да веруваме во позитивен фидбек од корисниците. Во иднина покрај англискиот јазик, порталот ке биде достапен и на други јазици“, вели, Ненад Фидановски – менаџер на проектот visitskopje.mk.
Креирањето на идентитетот на Скопје како главен град на Република Македонија, грижата за културното наследство и неговото вреднување, поддршка на развојот на културните разноликости, отворањето на институции и други субјекти во областа на културата и промовирање на туризмот во престолнината се само некои од целите на овој веб портал.
Скопје заслужува да има свој промотер како VisitSkopje.mk со што ќе им овозможи на странските посетители да уживаат во магичноста и убавината на главниот град.
Во Скопје се кријат приказните на сите генерации. Сите во него имаат свое катче, омилено место, идила во која уживаат. На различен начин, поради различна причина, сите го сакаат ова Скопје, кој има своја посебна убавина. Се сака кога мириса на липи и цути во пролет и кога во студените зимски ноќи снегот натежнува на гранките. Скопје има свој шарм со кој плени. Горди сме на градот со неисцрплива енергија. Градот што речиси и не спие.
И кога сите градови одмораат, некаде после полноќ, Скопје и тогаш пулсира со посебна убавина. Скопје има прекрасен плоштад, горди сме на Воинот на коњ, Скопје ја има партизанска, го има градскиот парк, за убава прошетка го има Водно со преубавата жичара или пак Матка како негова алтернатива.. Скопје има и убави и насмеани ликови.
Скопје има убаво сонце кое неминовно влијае на расположението. Ја има улицата Македонија на која може да го испиеш најубавото кафе со пријателите. Ги има старата Скопска Чаршија, Калето и многуте споменици кои сведочат за неговата богата историја. Сите овие нешто го прават Скопје поинаков град, а visitskopje.mk постои за да го презентира тоа на најдобар можен начин.
„Со сите свои мани и доблести, Скопје е град како ниеден друг. Скопје заслужува да си го најде свое место на туристичката мапа, затоа што има што да понуди. Со овој портал сакаме да му помогнеме на Скопје и да ги испромовираме сите убавини кои овој град ги има. Покрај тоа, сакаме и како бизнис сектор да допринесеме за развој на економијата и креирање на нови бизнис и работни можности“, вели Синиша Пекевски, менаџер на проектот visitskopje.mk./крај/с/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

