Скопје
Нова електрична инсталација во ОУ „Кузман Шапкарев"

Поставувањето на нова електрична инсталација во левото крило на училишната зграда на ОУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево, заврши деновиве.
Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со УСАИД, преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, согласно кој, фирмата изведувач „Макотерм-Скопје”, избрана на тендер од страна на УСАИД, во левото крило на училиштето постави нова електрична инсталација и електро опрема.
Вкупната вредност на овој прoект изнесува 1.356.000 денари. Од нив, УСАИД обезбеди 1.200.000 денари, а Општината дополнително учествува со 10% од оваа сума.
Во ОУ „Кузман Шапкарев”, настава посетуваат 660 ученици.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул.Осло (општина Карпош)
– во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Петар Драганов и Софиска (општина Карпош)
– во периодот од 12.30 до 14.30 часот, дел од корисниците на ул.Бањалучка спроти бр.20 и ул.Будимпештанска бр.35Б (општина Карпош)
Македонија
Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.
„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, истакнува Герасимовски.
Скопје
Дел од Студеничани без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект на затварач од ф – 200 мм на ул. 7 б.б во село Батинци, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош. ( општина Студеничани )