Скопје
Нова полициска станица се гради во Ѓорче Петров
Општината Ѓорче Петров во петокот информираше дека интензивно се гради на новата полициска станица. Работите се одвиваат според предвидениот план и се очекува истата да биде готова до крајот на 2015 година.
За полициската станица ќе бидат на располагање сутерен и три спратови или изразено во квадрати вкупно 855 м2 нето корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден.
За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 м2 што во целост ќе ги задоволи потребите на единица која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 м2 кои ни од далеку не ги задоволуваат потребите на вработените.
Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година а бараките во кои сега функционира полициската станица се изградено 1963 година. Со новите работни простории припадниците на ѓорчепетровската полициската и противпошарна станица ќе имаат одлични и современи услови за работа, се вели во соопштението./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




