Скопје
Нова улица покрај булеварот АСНОМ
Општина Аеродром деновиве изгради нова улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, поточно покрај булеварот „АСНОМ“.
Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината шест метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метра и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
(Фото) Отстранет бесправно изграден објект и спречена узурпација на државно земјиште во Визбегово
Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.
„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.
Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“, се вели во соопштението на општина Бутел.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)

