Скопје
Нови енергетски фасади за романските кули во Карпош
Општина Карпош продолжува со реконструкција на фасадите на нејзина територија, па така три објекти, познати како романски кули, во населбата Тафталиџе 2, ќе добијат нов урбан лик.
Освен разубавување на колективните станбени објекти, станарите ќе добијат енергетско ефикасни фасади кои ќе им ги намалат трошоците преку целата година, односно за греење во зимските месеци и ладење во летниот период. Во рамките на планираните 41. реконстурирана фасада за 2016 година, со овие три објекти, кои се привршуваат, локалната власт е на повеќе од половина пат во обновување и разубавување на изгледот во Карпош, како и во интенцијата за максимална заштеда во трошоците за секое семејство. „Ова лето го започнавме со реконструкција на фасади, а така и ќе го завршиме. Продолжуваме со изработката на енергетските фасади, при што, овој пат работиме на улицата “Женевска„ каде што ги реконструираме таканаречените романски фасади на трите објекти со број 6, 8 и 10. Целата инвестиција, која е обезбедена од локалната самоуправа чини 14.300.000 денари и ја изведува градежната фирма „Гермак“, истакна градоначалникот Стевче Јакимовски. Со оглед на интензитетот на работа околу реконструкцијата на термички фасади на објектите на територија на Општина Карпош, се очекува дека ќе завршат до почетокот на декември 2016 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

