Скопје
Новогодишната прослава во „Центар“ почнува од 30-ти декември
Манифестацијата која ќе се одвива на локацијата на сквер „Јадран“ во Скопје ќе биде официјално отворена на 30. декември со децата од градинките во општина Центар и големата предновогодишна прослава со целовечерни концерти на најдоброто од Македонија, соопштуваат од општината. Граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во специјално уредениот простор во срцето на градот, да се забавуваат и да ги проследат настапите на ѕвездите на македонската музичка сцена, меѓу кои и поп-рок групата „Ареа“.
„Ние посебно се радуваме на настапите на отворено и тогаш го даваме нашиот максимум. Оваа година програмата на општина Центар е одлична и очекуваме да има добра публика . ’Ареа’ како и секогаш ќе настапи комплетно во живо со 90 минутен концерт. Ги повикуваме сите кои ја сакаат нашата музика да дојдат на 30. декември во 20:45 часот на сквер ’Јадран’, да поминеме заедно една убава предновогодишна вечер.“ – порачуваат членовите на „Ареа“.
Покрај нив, оваа вечер, со нас ќе биде и секогаш одличниот шоумен, музичар, актер и веќе со години омилен лик од забавната сцена, Игор Џамбазов кој ќе настапи во добро познатиот тандем со Гуру Харе, во засилување на неговиот бенд, но и со во моментов најуспешната македонска пејачка Тамара Тодевска.
„Многу ги сакам манифестациите од овој тип. Имам свирено скоро на сите најзначајни фестивали на отворено, а супер е пак кога настанот е слободен за сите посетители. Тоа е шанса за мене да свирам пред публика која никогаш до сега ме нема гледано на концерт. Нивните реакции ми се најдрагоцени. Од друга страна, ова е можеби најдобрата новогодишна понуда, по мој вкус. Чест ми е што ќе свирам во иста вечер со ’Ареа’, на сцена на која утредента ќе свират и ’ДНК’, ’С.А.Р.С.’, а особено им се радувам на ’Ван Гог’“ – вели Игор.
Тој им порача на граѓаните добро да се наоблечат. „Сите што ќе дојдат, да не се појавуваат без шал, капа, ракавици, џемпери, монтки, ѕиври и два пара зимски чорапи. Нè чека дебел минус. Дојдте на 30-ти, од минусот да направиме плус“.
Новогодишната вечер ќе биде отворена со настапот на македонската група „ДНК“, која за овој повод најавува гостин на својот настап,На посетителите им порачува:
„Мило ни е што оваа година ќе бидеме дел од новогодишната забава ’Град во Градот’, организирана од страна на општина Центар и се надеваме дека исто како и минатата година ќе има голема посетеност, а ние заедно со нашиот Диџеј ’Ајри Скреч’ (DJ IRIE SCRATCH) ќе направиме сè да ја опуштиме публиката уживајќи во нашите песни и се надеваме дека ќе ги ’внесеме’ сите во наредната 2015. година среќни и весели… 🙂 “.
Врвот на забавата за оваа голема прослава нè очекува со новогодишните концерти на најпозитивната дружина „С.А.Р.С.“ кои подготвуваат специјален настап за скопјани и секако групата која се покажа дека граѓаните најмногу ја посакуваат за дочекот на Новата година, балканскиот рок состав на денешницата „ВАН ГОГ“. Тие ја најавуваат журката преку видео поставено на Youtube поздравувајќи ги граѓаните на македонски „Скопје те сакаме!“./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

