Скопје
Објавена програмата за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје
Над 80 настани опфаќа програмата за одбележување на 13 Ноември и 70-годишнината од ослободувањето на Скопје што во среда ја претставија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Музеј на град Скопје, Љубица Кондијанова и раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Тања Балаќ.
Годишнината се одбележува под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“.
„Годинешната програмата под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“ за празнувањето на Денот на ослободувањето на Скопје -13 Ноември е со побогата содржина. Ќе се одржат традиционалните настани крводарителска акција на Црвен крст, фестивалот „Златно славејче“, финални борби и доделување на Златниот гонг, „Пинг-понг градско првенство на средни училишта на Град Скопје“, Меѓународниот детски ликовен конкурс, манифестацијата Го градиме својот град, ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, а се организирани и голем број манифестации како дел од големото одбележување на овој значаен празник за граѓаните на Скопје. Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје во Македонскиот народен театар свечено ќе им бидат додели наградите на добитниците на „13 Ноември“, а по нивното доделување во чест на добитниците ќе биде одржана музичка- сценска изведба „Скопје слободно чекори напред“, изјави Трајановски.
Тања Балаќ ги информираше присутните дека за овој јубилеен и значаен историски датум, Градот Скопје подготви програма која содржи над 80 настани различен карактер: хуманитерен, еколошки, образовен, спортски и културно-уметнички карактер. Годинава во оваа прогама се вклучија Општините во Градот Скопје, основните и средните училишта, детски градинки, културни установи, невладиниот сектор, спортски федерации и клубови.
Годинава централниот настан ќе се оддржи во објектот на Македонскиот народен театар во 19:30 часот, каде што традиционално ќе им се додели Наградата „13-Ноември“ на Град Скопје за високи достигнувања од областа на културата и уметноста, образованието, науката и здравствена заштита. По доделувањето на наградите, ќе биде одржана музичка- сценска изведба „Скопје слободно чекори напред“во режија на Наташа Поплавска, во која учествуваат врвни балетски и оперски уметници и актери од Македонија – припадници на повеќе етнички заедници кои живеат во Скопје.
Исто така, на 13 ноември традиционално ќе се полагаат цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на град Скопје, на платото пред Владата и пред Споменикот на генерал Михалјо Апостолски на Градските гробишта во Бутел.
Освен овие активности годинава во програмата влегуваат и одбележување на повеќе јубилеи и годишнини на средните училишта на Град Скопје, како што се Никола Карев, Браќа Миладиновци, Васил Антевски-Дрен, и други пригодни сценско-музички програми во градинките и основните училишта, хуманитарни и еколошки акции и слично.
Централната програма ќе се одржи во соработка со Музеј на град Скопје кој е реализатор на програма, во соработка со Арт Медиа коишто се автори на сценската изведба, логото, видеоспотот и веб-страната и севкупниот визуелен изглед на промотовниот материјал.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

