Скопје
Обуки за превенција од жолтица во Карпош
Обуки за превенција од жолтица се одржаа во петок во градинката ,,Сончогледи“ и во основното училиште ,,Аврам Писевски“ во село Бардовци, кои се на територија на Општина Карпош.
Во овие две институции наставата ја посетуваат деца од руралните средини кои се подложни на поголем здравствен ризик.
На предавањата беа присутни вработените од градинките, училиштето како и претставници од Општината.
„Целта на предавањата беше запознавање со причинителите на жолтица и на бактеријата листерија од медицински и технолошки аспект, нивно препознавање, дијагностицирање и справување, односно како и на кој начин вработените да ги препознаат симптомите и следствено на тоа да преземат превентивни активности“, велат од Општина Карпош.
Од таму најавија дека предавања од ваков карактер ќе се одржат во сите градинки и основни школи на Општина Карпош со цел да се подигне нивото на претпазливост и свеста кај вработените во овие институции.
Советот на Општина Карпош на последната седница донесе одлука за вршење вонредна дезинфекција и дератизација во градинките и во основните училишта на територија на општината по прогласувањето на епидемија на жолтица во Скопје.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

