Скопје
Од денеска отворено Vip Лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“
Со доаѓањето на зимата сè попопуларни стануваат зимските спортови, а како и минатите години, така и оваа Vip Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе овозможи оптимални услови и убавина да се лизга на вистински мраз за сите љубители на рекреативното и уметничкото лизгање.
.
Од 23-ти ноември Vip Лизгалиштето ја започнува новата сезона, каде што покрај Школата за уметничко лизгање и хокеј тренинзите, има и термини за рекреативно лизгање за сите граѓани кои можат да дојдат да изнајмат лизгалки или пак да си донесат свои и да уживаат на вистинскиот мраз.
И оваа сезона на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми на рекреативно лизгање со кои уживањето и добрата забава за време на лизгањето е загарантирана.
Сите оние коишто сакаат рекреативно да лизгаат можат да го посетат лизгалиштето во термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:
Понеделник: од 10:00 часот до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Вторник: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Среда: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Четврток: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Петок: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.
Сабота: од 11:00 до 22:00 часот.
Недела: од 11:00 до 22:00 часот.
Билет за рекреативно лизгање (плус лизгалки) чини 150.00 ден. Билет без лизгалки чини 100.00 ден.
За групна посета (над 30 луге) со вклучени лизгалки билетот чини 100.00 ден. Изнајмување на лизгалки чини 50.00 ден./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

