Скопје
Одбележани 72 години од депортацијата на македонските Евреи
Со голем број комеморативни активности во Скопје, Битола и во Штип во средата се одбележуваат 72 години од холокаустот и депортацијата на 7.144 македонски Евреи во концентрацискиот логор Треблинка.
Во Скопје, делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, претставници од канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, делегација на Советот на Град Скопје, делегации од политички партии, општини, странски претставништва и граѓански здруженија положија цвеќиња на местото на привремениот логор – Монополот и на Еврејските гробишта во Бутел.
Во рамки на комеморативните активности, претставници на Еврејската заедница во Република Македонија остварија средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Секој 11-ти март со болка во душата се сеќаваме на тој мрачен ден, кога 7144 македонски Евреи, наши сограѓани, беа депортирани во Треблинка и никогаш не се вратија во нивниот град, во нивното Скопје. И денеска, кога се навршуваат 72 години од депортацијата на еврејското население, скопјани не можат да ги заборават своите вредни соседи – еснафи, сеќавајќи се со носталгија на Еврејското маало, на добрите и пријателски соседски односи и на долгогодишниот заеднички живот кој заемно го граделе и негувале. Во исто време, им оддаваме почит, не само на жртвите припадници на Еврејската заедница од Скопје и Македонија, туку и на сите други Евреи од Европа и светот кои ги загубија своите животи во Втората светска војна“, рече градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ говореше за еврејската заедница низ годините, Еврејското маало во Скопје, како и нивниот белег кој засегогаш го оставија на Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

