Скопје
Одбележан 3-ти декември Ден на лица со попреченост
Во саботата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на конференција по повод 3. Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост, која што се одржа во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.
На конференцијата присуствуваа претставници на здруженија на лица со посебни потреби, претставници на поголем број на државни и локални институции, претставници на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија и граѓани.
„Сакам да ви го честитам 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Градот Скопје прави напори што е можно повеќе да ги подобриме условите за живот на лицата со попреченост и инвалидност. Градот Скопје за поддршката на сите категории на лица со попреченост, дали преку поддршка на конкретни мерки или поддршка за здруженија, годишно одвојува околу 50 милиони денари. За лицата со интелектуална попреченост Градот Скопје го финансира функционирањето на двата дневни центри, каде овие лица имаат можност да се дружат и да се стекнуваат со вештини коишто може да им го олеснат животот. За лицата со потешка телесна попреченост Градот Скопје обезбедува бесплатен превоз со 4 специјални возила, за што годишно одвојуваме 9 милиони денари. Дополнително, даваме 35 милиони денари за превоз на лицата со попреченост за користење на јавниот превоз. Оваа година, Градот Скопје одвои 1,5 милиони денари за новиот проект, каде двете спортски сали во СУГС „Михајло Пупин“ и СУГС „Здравко Цветковски“ се прилагодени за вежбање на лицата со различен тип на инвалидност, каде тие можат да вежбаат и да се рекреираат. Ние овој проект ќе го продолжиме и во иднина и ќе се залагаме за отворање и адаптирање на што е можно поголем број на спортски објекти, со цел истите да бидат поблиску и да бидат попристапни до лица со посебни потреби“, рече градоначалникот Трајановски.
Во рамки на конференцијата Националниот совет на инвалидските организации на Македонија на градоначалникот Трајановски му додели признание и плакета „За исклучителниот придонес и заслуги за подобрување на правата на лицата со инвалидност“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

