Скопје
Одбележување на Европскиот ден на набљудување на птиците во ЗОО Скопје
Македонското Еколошко Друштво во недела организира настан во Зоолошката градина во Скопје по повод Европскиот ден на набљудување на птиците.
Целта на настанот е преку забава и дружење, да се едуцираат граѓаните, а пред сѐ најмладите, за значењето на птиците.
„Посетителите ќе имаат можност да се вклучат во активностите на нашите волонтери, да набљудуваат птици, да учествуваат во квизови и наградни игри како и да дознаат многу интересни факти за птиците.Набљудувањето на птици е рекреативна активност што се прави со голо око или со помош на двоглед или телескоп. Таа започнала да се прави уште во 18иот век, а денес е многу популарна низ целиот свет. Навистина интересна активност, која вклучува идентификација на видените птици, што лесно преминува во пасија. Активност во која се вклучуваат и најмладите и најстарите, а може да се изведува секаде во природа, почнувајќи од сопствената градина“, велат од еколошкото друштво.
Настанот оваа година се организира во 37 држави, од страна на националните партнери на BirdLife International, кои ги канат сите љубители на птиците и оние кои сакаат да научат нешто повеќе за нив, да се придружат во одбележување на Европскиот ден за набљудување на птици.
European Birdwatch е годишен настан кој вклучува стотици национално организирани активности.Минатата година околу 65.000 луѓе набљудуваа птици во 34 држави, во текот на еден викенд.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

