Скопје
Одрон на земјиште на Водно
Одрон на земјиште ноќеска на полноќ ги исплашил жителите на куќите кои се наоѓаат над хотелот “Тасино Чешмиче“ на Водно, информираат од општина Центар.
„Се слушна страшен татнеж и тресење на земјиштето. Мислевме дека е земјотрес и дека куќата ни се урива и оди надолу, по падината на Водно“, вели еден од сопствениците.Хотелот почнал да се гради во 2003-та година и се прави етапно. Инвеститорот неколку пати добивал решение за да ја прекине натамошната градба широк ископ на земја во брдо на ул. Белградска и да ја отстрани градбата. Ископот ја загрозува сигурноста на околните градби и стабилноста на земјиштето.Иако, во 2009-та се издадени неколку решенија со напомена дека ќе се пристапи кон присилно административно извршување, досега, велат сопствениците на загрозените куќи, инвеститорот на хотелот “Тасино Чешмиче“ не само што не постапил по тоа, туку и продолжил со градба.Градоначалникот Андреј Жерновски, како што соопштуваат од општина Центар, на соработниците веднаш им издал наредба да се пристапи ургентно кон решавање на состојбата.„Не се виновни луѓето што градат, туку оние што им издале дозволи за градба. Интервентно, овде мора да се влезе за да не дојде до катастрофа од поголеми размери“, рече Жерновски.Општината веднаш ќе побара од градежниот факултет во Скопје итно да ја испита состојбата на земјиштето, потоа ќе се изготви елаборат и ќе се пристапи кон градење на потпорен ѕид.Сегашното раководство на општина Центар контиунуирано предупредува на опасноста од лизгање на Водно поради дозволите кои што претходните општински раководства ги издале за градење на огромни зданија на Водно.Токму поради ова, дел од советниците на советничката група во Советот на општина Центар, предводена од СДСМ и градоначалникот Жерновски, се спротивставуваа за промената на ДУП-от “Тасино Чешмиче 2“, кој имаше за цел да дозволи изградба на десеткатница на Водно.Случајот беше пратен и до Уставниот Суд на РМ, но уставните судии, со исклучок на судијата Наташа Габер Дамјановска, се прогласија за ненадлежни за овој случај./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

