Скопје
Одржан Форум со работодавачите и инфо средба со младите во Општина Илинден
Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, организираше Форум со работодавачите односно стопанствениците и инфосредба со млади лица од Општина Илинден, на тема: Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис секторот.
Целта на Форумот со работодавачите беше да се презентираат поволните мерки и активности кои што им се на располагање на претставниците на бизнис секторот при вработување и ангажирање на лица за потребите во своите капацитети.
По средбата со претставниците на бизнис секторот се организираше инфосредба со младите од Општина Илинден, на која се презентираа можностите што им се нудат на младите лица да се вработат и почнат со сопствен бизнис.
На форумот со работодавачите, како и на инфосредбата со младите, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски ја искажа својата определба во интензивирањето на одржлив локален економски и социјален развој и ја потврди посветеноста во работењето на локалната самоуправа за обезбедување на квалитетни услуги и услови за влез на домашни и странски инвестиции, овозможување и отворање на нови работни места, со што ќе се придонесе за подобрување на условите за живот и животниот стандард, конкурентност и овозможување на квалитетен живот на сите учесници во локалната заедница. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

