Скопје
Одржана „Ролер трката 2016“
Под мотото „Возиме кон иднината“ во петок по петти пат се одржа „Ролер трката 2016“, во организација на Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“.
Во оваа спортска манифестација учествува основните училишта од градот и од околинатa со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до деветто одделение. Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.Година се одржаа две ролер трки, едната во машка, а другата во женска конкуренција. „Ролер трката 2016“ почне со женската трка на која првото место го освои Наталија Ниноска од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, втора беше Ивана Антевска од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоска од ОУ „Димитар Беровски“.На машката трка победи Алек Митев од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ„Јохан Хајнрих-Песталоци“, а трет беше Никола Новаковиќ од ОУ „Јохан Хајнрих -Песталоци“.Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Наградата „Феникс“ е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера“, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс“ се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

