Скопје
Одржани повеќе активности на манифестацијата „Вечери на женски права"

Во рамките на шестото издание на манифестацијата „Вечери на женски права” во петокот вечерта се одржаа поголем број на настани, каде централни беа изложба во Културно информативниот центар и прикажувањето на проекција на документарен филмови и одржаната дебата во градското кино Милениум.
Во Културно информативниот центар се одржа изложбата на уметнички дела „Нераскажаните приказни на суперхероините 2”, каде беа изложени 20 уметнички дела, на 20 уметнички по повод 20 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и Платформа за акција (Пекинг +20). На оваа изложба присутните имаа можност да ги видат уметничките дела на Марија Сотировска, Христина Хаџиева, Ана Ивановска, Маја Кировска, Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Ана Петрушевска, Мирослава Микица Трујкановиќ, Јасмина Новковска, Кристина Божурска, Дијана Богдановска, Инес Ефремова, Дијана Томиќ Радевска, Вана Урошевиќ, Ирена Паскали, Алма Идризи, Шкипе Мехмети, Лидија Петковска, Петра Јовановска и Маријета Сидовски.
Централниот настан се одржа во градското кино Милениум, каде присутните ги поздравија дел од организаторите на „Вечери на женски права”, претставници од UN Women во Скопје, како и проф. Слободанка Марковска и Јордан Плевнеш, ректор на универзитетот за Аудиовизуелни уметности – Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.
Во Милениум се прикажа проекција од документарниот филм „Кисмет”, кој е во режија на Нина Мариа Паскалиду, кој зборува за феноменот на турските сапунски опери кои ги гледаат милиони гледачи во целиот свет, како и како овие серии им помагаат на жените во одредени региони да ги надминат табуата, да ги бараат своите права и да ги трансформираат сопствените животи.
По проекцијата на документарниот филм „Кисмет”, се одржа тематска дискусија на тема „Како турските серии ја менуваат Македонија”.
Активностите од шестото издание на манифестацијата „Вечери на женски права” продолжуваат и во сабота, каде што во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Маската во која живееш” (The Mask You Live In), кој е ви режија на Џенифер Сибел Њусом. По проекцијата на овој филм, ќе се одржи тематска дискусија на темата “Мажите и Балканот”.
Во недела /08.03.2015 година/ во 12 часот ќе се одржи велосипедска тура по повод глобалната кампања “Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост”.
Шестото издание на Вечерите на Женски Права ќе биде затворено со проекција во Кинотека на Македонија во 20 часот, на документарниот филм “Среќни засекогаш” (Happily Ever After), по што ќе следува тематска дискусија на тема “Вечна љубов – мит или реалност”.
Градот Скопје и оваа година финансиски го поддржува одржувањето на манифестацијата Вечери на Женски Права. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.