Скопје
Општина Центар анализира колку би ја чинело ако ги откаже веќе склучените договори за новогодишната прослава
Општина Центар прави анализа колку би ја чинело доколку ги откаже веќе склучените договори за настап на новогодишните прослави, а по јавните апели овие прослави да се откажат, а парите да се донираат во хуманитарни цели.
„Настанот кој го организира општина Центар е одамна подготвен. Освен локални артисти, настапуваат и артисти од регионот со кои веќе се склучени договори и чие откажување ќе предизвика сериозни финансиски последици. Истото важи и за останатиот дел од организациските работи и логистичките трошоци. Општина Центар има целосно разбирање за овие барања. Сепак, пред да се донесе ваквата одлука, важно е да се направи сериозна и објективна анализа дали воопшто и колку од буџетот може да се заштеди и реално пренамени. Во моментов општинските служби работат на ова прашање и наскоро ќе имаме конкретен одговор“, се вели во соопштението.
Локалната власт потсетува дека општина Центар е општината која одвојува најголем процент од буџетот на социјални и хуманитарни проекти за поддршка на ранливите групи и социјално загрозени семејства. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

