Скопје
Општина Аеродром бара осум стручни лица за грижа на деца со пречки во развојот
Општина Аеродром објави оглас за вработување на осум стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со инвалидитет.
Станува збор за проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со пречки во развојот во училиштата во Општина Аеродром“ во организација на Општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.Целта на овој проект е, од една страна да ја подобри грижата за децата со попреченост за нивна уште поголема инклузија во образовниот процес и непречено одвивање на сите образовни активности во училиштата и градинките на територијата на Општина Аеродром, а од друга страна, да им помогне на активните баратели на работа (дефектолози, педагози, психолози и други професии од сферата на грижа на лица со попреченост) да се стекнат со професионално работно искуство и вештини, за да станат поквалификувани и конкурентни на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на невработеноста во општината и во државата.Лицата што ќе бидат одбрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часови неделно за период од шест месеци.Ангажираните лица ќе бидат задолжени за следење на учениците со пречки во развојот, на кои им е потребна дополнителна стручна помош за успешно адаптирање и ресоцијализација преку најразлични вежби и индивидуална работа.Инаку, во основните училишта во Општина Аеродром има 74 ученици со попреченост. Огласот трае до 19.8.2016 година, а повеќе детали може да се добијат на http://aerodrom.gov.mk/vest/1406./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




