Скопје
Општина Аеродром набави две возила за чистење снег
Општина Аеродром набави две возила за зимско одржување улици.
Станува збор за возилата од марка „ивеко дејли“, кои се опремени со сите неопходни делови за лесно, брзо и функционално реагирање при снежни врнежи.
Имено, камионите како дополнителна опрема имаат плуг за чистење снег, соларка со распрскувач и товарен сандак, а исто така и светла за магла.
Возилата имаат вкупна дозволена носивост од седум тони, така што со двете возила одеднаш може да се покрие целата територија на општината. За оваа инвестиција Општината одвои од својот Буџет околу осум милиони денари, а фирмата од која се набавени, Карго Макс, има обврска за одржување и гаранција на возилата во наредните три години.
Исто така, набавени се и 300 тони сол за зимско одржување улици. На тој начин почнувајќи од оваа година натаму Општина Аеродром нема да мора да ангажира фирми за одржување на локалните улици и патишта во зимски услови што се во нејзина надлежност.
Акциите за расчистување на снегот ќе ги организира со сопствени ресурси, во кои покрај двете нови возила за зимско одржување улици, ќе ги организира и сезонските работници да го чистат снегот од тротоарите.
На промоцијата на соларките, покрај градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го поздрави проектот и рече дека примерот на Аеродром треба да го следат и другите општини. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

