Скопје
Општина Бутел доби “Урбан ѕид”
Подвозникот кон населбата Радишани денеска од младите луѓе и претставниците на локалниот младиснки совет од општината Бутел беше претворен во урбан ѕид, на кој се испишуваа пораки за заштита на животната средина и се цртаа графити со еколошка тематика.
Овие активности се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен “Урбан ѕид”, чија цел е да даде поддршка на младата популација во изразување на нивната креативност во создавање на урбана уметност.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески потенцираше дека многу често, цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно одреден простор за нивно творење и презентација на креативниот ум и младешки став, тие се уметност која секогаш е позитивно перцепирана од очите на случајните минувачи.
„Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денес натаму ќе биде наменет за нивното креативно изразување. Симболично денешните пораки се еколошки, со кои сакаме да го одбележиме и Меѓународниот ден за заштита на животната средина“, изјави Спасески.
Тој искажа надеж дека граѓаните и пред сè младите луѓе позитивно ќе го прифатат проектот, чија основна цел е да се насочат младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити било каде и со било каква содржина.
„Напротив, основната замисла на проектот е младите преку исцртување на графитите да ги искажат своите позитивни мисли и да испратат позитивна порака до сите чинители во општеството“, заклучи Спасески.
Меѓународниот ден за заштита на животната средина симболично беше одбележан и со еколошка активност за чистење на училишниот двор во СУГС“Зеф Љуш Марку”, како и со одигрување на ревијален фудбалски натпревар помеѓу учениците на училиштата “Арсени Јовков” и “Зеф Љуш Марку”. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

